Летна школа за комуникациски вештини
За сите кои некогаш заборавиле што сакале да кажат, молчеле кога требало да зборуваат, или излегле од соба со чувство – можев подобро.
Мала група. Интерактивна програма. Простор каде грешките се добредојдени.
Три програми според возрасна група
Само 10-12 учесници во една група
Скопје, во близина на City Mall

Првата група за средношколци започнува на 30 јуни. Групата е ограничена на максимум 12 учесници. Уписите се во тек.
Средношколци
Дојди со некоj близок - другар/ка, брат, сестра, роднина. Двајцата добивате 10% попуст.
9800 ден
21 час едукација
3 часовни работилници
вторник-среда-четврток
17:30 - 20:30
🗓 30 јуни - 10 јули
Студенти
Бонус за студенти - секој учесник добива 3 индивидуални коучинг/менторски сесии вклучени во цената.
11.800 ден
28 часа едукација
4 часовни работилници
Распоред: по договор со групата
🗓 СТАРТ: јули/август 2026
Млади професионалци
10% попуст за тимови – двајца или повеќе учесници од иста компанија или startup
18.800 ден
32 часа едукација
1 коучинг сесија
4 часовни работилници
Распоред: по договор со групата
🗓 СТАРТ: август/септември 2026
Дали е ова за тебе?
ЗА ТЕБЕ Е АКО...
✓ Се срамиш на час, состаноци, интервјуа или презентации
✓ Молчиш во групи и подоцна си велиш „требаше да кажам нешто”
✓ Не знаеш да кажеш „не" без чувство на вина и сакаш да бидеш поасертивен/а
✓ Сакаш вистински да научиш, не само да гледаш видеа
✓ Спремен/а си да вежбаш во група
✓ Сакаш да оставаш впечаток што се памети
НЕ Е ЗА ТЕБЕ АКО...
✗ Бараш магичен shortcut
✗ Не сакаш да зборуваш пред група
✗ Чекаш некој друг да ти даде простор
✗ Мислиш дека комуникацијата или ја имаш или ја немаш
✗ Сакаш да гледаш, не да вежбаш
✗ Не си спремен/а да ти биде неудобно понекогаш
✗ Очекуваш резултати без ангажман
Твојот communications coach
Јас сум Билјана Величковска, твојот communications coach и основач на Seven Seconds Consulting.
Во изминатите 26 години работев со дипломати, бизнис лидери, тимови и млади професионалци – во корпоративниот свет, во меѓународни развојни агенции и во локални невладини организации.
По 26 години различни работни профили и улоги, конечно го правам тоа што го знам најдобро – едукација, професионална поддршка и трансформација преку јакнење на индивидулани компаративни предности.
Покрај долгогодишното искуство во меѓународна развојна агенција, локална маркетинг, PR и агенција за истражување на јавното мислење, јас сум ICF Associate Certified Coach, применувам Gestalt пристап во организации и имам MA во Crisis Communications Management. Во изминатава година посетував различни NLP програми ... за да не пропуштам нешто ;)
Оваа школа се дестилирани 26 години професионална едукација, знаење и искуство во формат прилагоден точно за тебе.

7 теми. 7 трансформации...
Програмата е поделена по теми кои се надополнуваат една со друга и се поврзани во една целина чиј краен резултат е посилна, посамоуверена и поприсутна верзија на еден одличен комуникатор.
Содржината е прилагодена за сите три возрасни групи – темпото, длабочината и контекстот се различни.
4 теми се однапред дефинирани. 3 се surprise и се резултат на co-creation со групата.
ПРВ ВПЕЧАТОК
Како се појавуваш пред другите во првите 7 секунди. Држење. Поглед. Глас. Израз на лицето. Што ќе кажеш? Што нема да кажеш? Како ќе го кажеш?
Резултат: Ти си од оние кои ја менуваат енергијата кога ќе влезат во било која просторија...
АКТИВНО СЛУШАЊЕ И МОЌТА НА ПРАШАЊАТА
Зошто слушањето е понекогаш поважно од зборувањето. Како да поставиш прашања што отвораат разговор. Како да паузираш и зошто паузата е моќен момент во комуникацијата.
Резултат: Стануваш соговорник со кого е пријатно да се разговара на секоја тема.
ЈАВЕН НАСТАП
Презентации, часови, состаноци, настани, говор пред публика. Како да го контролираш стравот. Структура на убедлив pitch. Како да се однесуваш кога не ги знаеш сите одговори.
Резултат: Стануваш, зборуваш и оставаш впечаток дури и кога не мора сè да знаеш.
АСЕРТИВНОСТ И ПОСТАВУВАЊЕ ГРАНИЦИ
Како да кажеш „не" без вина. Како да поставиш граница без да напаѓаш. Како асертивно да дадеш feedback? Како да примиш критика без да се срушиш од внатре? Како да го задржиш својот став кога средината очекува поинаку.
Резултат: Ги знаеш твоите граници и твоето „не" станува реченица која сите ја почитуваат.
Како функционира
Мала група. Простор за креативност и co-creation за сите.
👥 ГОЛЕМИНА НА ГРУПА
10–12 учесници
Доволно мала за индивидуално внимание. Доволно голема за реална групна динамика.
📍 КАДЕ
ул. Никола Русински, бр 21
Карпош, Скопје (во близина на City Mall)
📅 ВРЕМЕТРАЕЊЕ
Зависи од програмата:
→ Средношколци: 21 час распоредени во 7 денови
→ Студенти: 28 часа во 7 работилници по 4 часа
→ Млади професионалци: 32 часа во 8 работилници по 4 часа
Зошто мала група од само 10-12 лица?
Затоа што комуникацијата не се учи само од видеа. Се учи во интеракција со други луѓе, со feedback, со грешки и со повторни обиди.
→ Секој има време да се изрази, да вежба, да се подобри
→ Почнувате како група, завршувате како тим
→ Секој добива личен feedback
→ Грешките се добредојдени и се мотив за раст
→ Излегуваш со вештини кои ги применуваш уште следниот ден
Што велат учесниците на моите претходни работилници...

Христијан Пејовски
Финансиски советник
Најдобрата инвестиција коja ja направив за себе оваа година. Штета што не ѝ се јавив на Бијана порано.

Стела С. Пијанманова
Координатор за образовни програми, МЦГО
Со децении сум во образованието и ретко гледам предавач што успева толку лесно да добие внимание и доверба од младите луѓе. Билјана е таа - има пристап кој ги мотивира и им покажува дека комуникацијата е вештина која можат да ја научат, а не нешто со кое се раѓаш.

Наташа Николовска Станковиќ
Менаџер за комуникации, Центар за истражување и креирање политики
Над 20 години работиме заедно и знам кога Билјана зборува, луѓето слушаат. Нејзината моќ да говори јасно, со достоинство и влијание, е многу мотивирачко. Тоа што ја прави посебна е комбинацијата - инспиративна, посветена, а истовремено иновативна во начинот на кој го пренесува своето know-how. Тоа е дар кој сега го дели и со други.
Често прашувани прашања
Групата за средношколци започнува на 30 јуни. Програмата се распределанеа во 7 работилници по 3 часа, во вторник, среда, четврток, од 17:30 до 20:30.
Групата за студенти започнува по јунската сесија, средина на јули до средина на август – точните датуми се договараат со учесниците.
Групата за млади професионалци започнува во август/септември – по договор со учесниците.
Има три програми: за средношколци (16–18), студенти (19–23) и млади професионалци (24–35). Темпото, длабочината и контекстот се прилагодени за секоја возрасна група. Ако не си сигурен/сигурна, пријави се и избери ја групата што мислиш дека ти одговара. Билјана ќе те контактира лично, ќе разговарате и заедно ќе одлучите.
Пополнуваш кратка форма со основни податоци. Билјана те контактира лично во рок од 24 часа – разговарате за програмата, термините, плаќањето и сите твои прашања.
Токму затоа треба да дојдеш. Мала група од 10–12 учесници е простор каде секој расте со свое темпо. Ова е простор за развој – не е сцена, не е испит, не е испрашување.
Она што те довело дотука – нема да те однесе таму каде што замислуваш. Новите вештини ќе го сторат тоа.
Плаќањето не се врши преку оваа страница. По пријавата, Билјана ќе те контактира лично и ќе се договорите за начинот и динамиката на плаќање.
Секогаш има решение. За секоја пропуштена работилница:
→ Recap од сесијата со работни листови и презентација
→ Peer-to-peer follow-up со член од групата на следната сесија како дел од тимската работа и
→ Серии од real challenges за користење на стекнатите ккомуникациски вештини.
Пиши на [email protected] или [email protected], јави се на +389 78 56 56 57 или DM на социјалните мрежи. Билјана одговара лично.
Спремни за промена?
Прашањето не е дали комуникацијата ќе го одреди твојот следен чекор – тоа е сигурно така.
Прашањето е дали ќе бидеш подготвен/а кога ќе дојде моментот.
Прв впечаток на работа, во клас, на испит. Презентација пред група. Тежок разговор со пријатели, колеги, претпоставени, родители. Моменти кога треба да го држиш ставот свој.
Сите овие моменти доаѓаат. Подготовката и вежбањето е твој избор.

